За осаменоста



Се до неодамна не забележував дека има толку многу осамени луѓе. Мажи, жени, стари, млади на сите возрасти.   Видов дека има многу немажени жени, неженети мажи и повеќето од нив никогаш не биле во брак.
Забележав дека тоа не се случува само кај нас. Насекаде е така. И во развиените земји и не развиените, со исти и различни култури и религии. 
Што е ова? Дали светот се променил, дали жените или, пак, мажите се смениле?

Што и да е, фактот останува факт. Осаменоста се шири  и станува норма.

Слушам: «Цивилизираниот свет носи со себе оддалечување и самотија».
Излегува дека е неминовно. И дека ништо не може да се направи во врска со тоа.
Зарем навистина нема излез?
Пред многу години заминав во еден многу голем град. Со него ги поврзував моите соништа и надежи. Когда стигнав во тој град немав ништо, освен патничка торба со неколку работи. 
Со текот на времето многу од она за кое мечтаев се обистини. Имав убава работа, имав дом. Но како што минуваа деновите така се повеќе и повеќе се чувствував осамена ...
Се прашувате, зарем не се најде човек за мене?
Осамен си не само кога немаш партнер. Можеш да живееш цел живот со една личност и да се чувствуваш ужасно осамено.
Кога не постои взаемно разбирање и поддршка, осаменоста едноставно е неподнослива. Нејзиното влијание врз психата е неизбежна.
Веројатно многу пати сте слушнале дека луѓето доаѓаат на овој свет сами и си одат сами. Точно е, со тоа се согласуваат сите.
 Кога го сфатив тоа многу се натажив. Дури во градите ме заболе. Помислив, не е фер!  Што бараме тогаш во овој свет?
Звучи некако  филозофски и - разумно.
Но кога погледнав на светот  со други очи, сфатив многу интересна работа. Да, доаѓаме на овој свет сами... поточно, единки, посебни, единствени, личности.
Сами сме кога се раѓаме, кога умираме и кога одлучуваме. Од нашите одлуки, да ги наречам избори, зависи како ќе го проживееме ова парче време кое ни е дадено од Бог во овој свет.
Уште забележав дека морето го сочинуваат капките. Шумата-дрвјата. Текстот што го читате-буквите. Погледнете, сите  букви се различни. И сите се посебни. Некои бараат дополнителен знак за да добијат одреден звук. За да се добие збор треба да се поврзат буквите. За да има зборот смисла потребни се одредени букви, по одреден редослед.
Така и човекот, за да не биде осамен треба да се поврзе со одредени луѓе. Не со било кои, туку со тие со кои неговиот живот ќе има смисла. Тогаш осаменоста ќе исчезне, ќе ја снема.
Барајте ги вашите луѓе.  Барајте, не се предавајте! Сигурна сум дека ќе ги најдете. Не дозволувајте и на осаменоста да се вдоми во вашите срца.

 Барајте и ќе најдете!
Share:

Вкупно посетители