Кога ти недостига љубовта на татко ти...


Прашање од читателите:


Последново време се повеќе сум свесна дека ми фали љубовта на мојот татко, неговото внимание ... кои тој никогаш не ми ги дал. 
Се обидувам овие работи да ги надополнам во односот со мојот дечко, но залудно. 
Понекогаш ми доаѓа да плачам. Сакам да ме прегрне татко ми, да ме погали по косата...
А и во врската ми недостига љубов и топлина.
Не знам како да изградам здрава врска со дечко ми. Правам се што ќе ми каже. Се гледаме еднаш месечно. Се обидувам да му го свртам вниманието кон себе, го фалам, зборувам за своите чувства, му кажувам дека неговото отсутство ме боли. 
Но тој како да не ме слуша. И сите мои напори да се доближам до него, немаат никаков резултат. Сето ова ми тежи, но не можам да ја прекинам оваа врска, не сум спремна. Мислам дека мојот копнеж по татковската љубов  прави да избирам емотивно недостапни мажи кои не можат да дадат љубов. Исто како кога бев  дете од мојот татко.  Како  да се справам со недостигот на татковската љубов? Како да го направам тоа?

Одговор:


Татковската љубов е многу важна, исто како мајчинската. Родителите  се првите луѓе на овој свет кои ни го покажуваат патот по кој треба да чекориме. Колку повеќе љубов, толку порамен е патот. Толку полесно среќаваме добри и ,, правилни,, луѓе. Полесно ги избираме вистинските луѓе без да ја трошиме силата, времето и животот.

 Но колку помалку љубов имаме, толку е патот пострмен. Толку повеќе луѓе среќаваме кои  понижуваат, навредуваат и не ги задоволуваат нашите потреби за љубов и бликост.


Детството игра голема улога во нашиот живот.

 Ние пораснавме, годините се нанижија, станавме потешки и  повисоки. Станавме физички посилни. Кога ќе се споредиме ќе видиме Гуливер и џуџе. 

Ама... Гуливерот длабоко во нас се уште останува тоа мало дете со незадоволени потреби. Кое има големи претензии кон другите луѓе. Кое скромно чека и  трпи кога родителот ќе дојде и ќе му обрне внимание.
Тажно е. Тешко му е. Навредено е.

И тоа е факт.Тоа е правда.

Ќе ви откријам уште една тајна:
Ние постапуваме со самите себе исто како што постапувале со нас нашите родители во детството.

Што правите сега вие?

Очекувате да се грижи за вас човек кој  еднаш месечно ве посетува. Се лажете самата себе  дека тој човек ве сака. Човекот што не се грижи за вашите желби. За вашите чуства. Кој не  слуша што му зборувате. 

Вие за самата себе сте како лошата маќеа од приказните. Ви прави лоши работи и ве убедува дека ќе ви биде подобро. 
Како можете да се справите со недостигот на татковската љубов?

Само на еден начин. За почеток замислете си го тоа мало дете како постои внатре во вас. Прифатете го. Бидете му добар родител. Однесувајте се кон него добро, со љубов.  Не дозволувајте никој да го повреди, да му се потсмева. Не дружете се со луѓе кои ве понижуваат. Бранете ги вашите интереси и потреби. 

Тоа ќе ве направи силна одвнатре. Таа сила ќе ве штити во животот.

Share:

Вкупно посетители