Зошто жените ги напуштаат мажите,  дури и тие кои  ги сакаат



Иако на прв поглед проблемите кај сите се различни, мажите треба да знаат: доколку проблемот е до нив, тогаш причината е иста кај сите.

И поради таа причина нив ги оставаат жените.

Најчесто жената се чувствува ужасно. Нејзиното срце се кине и боли. Но, таа заминува. Ја собира во тупаница сета своја сила и волја. И го напушта мажот со кој има деца, дом... 

Речиси секогаш, тоа се случува само од една причина:


                                   Жената ве напушта, бидејќи вас веќе ве нема !



Не во смисла дека не постоите. Едноставно не присуствувате во нејзиниот живот.

  Често слушам: „Како да стојам во долгата редица по неговото внимание. И само што стигнува мојот ред- ете! - некој друг ќе влезе преку ред. И јас, пак, сум на крајот од редицата. И јас чекам. И секогаш некој друг е поважен од мене“.

За некого тоа е  работата. За друг игриците на компјутер. На трет телевизијата, другарите, роднините, риболовот ... Списокот е долг.

И така со години...


Тие мажи не се лоши. Тие се добри луѓе. Добри татковци. И се грижат за своите семејства. Пријатни се и симпатични. Меѓутоа...ја гледаат жената како нешто должно.

Нивните жени ги нема во распоредот на денот, во списокот на животот, иако од страна не  изгледа така.

Жените велат:

"Сакам сопругот да ме поддржува емотивно. Но тој ... како да не ми е маж. Не му е гајле за мене, дури и кога  плачам. "


Јас немам намера  да му судам на никого. Немам намера да ви кажувам што е право а што - не. Јас ќе ви го кажам само она што го гледам секој ден. Можете да се лутите или да негирате.


Вашата жена не е ваша сопственост. Таа не е должна да ве сака со сето свое срце. За љубовта треба да вложите труд. Секој ден, во секој момент. Исто, како што вложувате труд за да  заработите пари. Треба да ја освоите. Да почувствува дека не ви е сеедно. Да знае дека нејзините зборови и чуства ви се важни. Да се знае дека е услишана.

 Не климајте со главата од учтивост и незаинтересирано кога нешто ви раскажува. Не ја смирувајте со зборовите "смири се."  

Таа сака да ја чуствувате. Таа е човек, а не апарат за брз секс. Сака да имате желба не само за риболов, но и за неа. Вашата врска ќе живее толку долго колку што и двајцата имате желба.

И немојте да се правдате  со ,,тешкото време“. Сите и секогаш живеат во тешки времиња.

Секој маж може да најдете 5 минути за да ги посвети целосно на својата жена. Да присуствува во разговорот. Да ја ислуша. И навистина да го долови она што сака да го каже.


Share:

Вкупно посетители