Како се појавува осаменоста?


Никој не сака да биде сам. Секој сака да биде со некoго. Да го сака некоj. Некому да му недостига. Некој да го пофали, да го забележи...

Тогаш зошто толку многу луѓе се чуствуваат осамено?

Како се појавува саменоста?

Најпрво, кога те оставаат во дубачетo. Ти даваат тропалки и заминуваат во кујната. Од време на време ѕиркаат од зад врата - за да проверат. дали седиш, дали играш.
И пак заминуваат тивко, на прсти.

Потоа ти купуваат боенки, коцки, кукли, колички, албуми, сликички, боички, таблет, телефон....

-Нашето игра со играчките. Знае да седи само ...
-Што зборуваш? Толку мирно дете!
-Да-да ...

Како дете знаеш дека треба да си играш сам. Да ги разгледуваш  шарите на тепихот и завесите. Да ги читаш тивко буквите...

Да растеш незабележливо.

Потоа...

Да ја криеш болката,  правата љубов, да ги голташ солзите.


Да ги надминуваш проблемите. Да се справуваш со незгодите. Да покажуваш храброст. И кога си  скршен. И кога ќе те изневерат. Кога немаш поддршка.

Сам со недопиено вино. Со цигара на тераса. Со солзи во креветот. Во туѓ град на станица. Во ходникот на болницата. На клупата на гробиштата ... со стравот од едното и од другото...

Кога ќе научиш да правиш се сам чуствуваш како да немаш право да бараш помош од некого. Како да се предаваш себе си. Како да ги изневеруваш другите.

Но еден ден сфаќаш дека не сакаш веќе ништо да правиш сам. А незнаеш како се прави тоа со другите. Не знаеш како да се прави нешто заедно.

Се прашуваш: „Што уште треба да направам  за да не бидам сам?“.  „ Каде и кого да барам?“.„Кој е тој човек со кого нема да бидам осамен?“

И остануваш со желбата да бидеш со некого да бидеш сам... и за едното и за другото...


Share:

Популарни артикли

Вкупно посетители