Обично, ми пишуваат дека се уште ја сакаат девојката, дека таа го напушти, чат-пат
контактираат (да речеме, си префрлаат по некој збор). И ме прашуваат: ,,Како да
ја вратам бившата?,,
Што треба да
направи момчето за да ја врати девојката и повторно да го разгори огнот на љубовта во нејзиното срце?
ТОЈ ТРЕБА ДА СЕ НАДМИНЕ САМИОТ СЕБЕ.
Треба да и покаже колку му значи. Да направи нешто големо за неа (не да и фрла прав во очи), нешто што ќе има големо значење како за неа, така и за него
самиот.
Жената тоа ќе го протумачи вака: ,,Ме
издвои од другите. За него сум посебна.
Јас сум му Единствена! (нели, само за неа го направи тоа!). А жените,
искрено кажано, многу го сакаат такви работи
.
Запомнете: а Кога женатве е вљубена, таа најмногу сака да биде Единствена.
И мажжите, се разбира, го сакаат тоа, но, да речеме, таа
желба не е толку изразена и, не толку специфична.
Што значи
значајно?
Сега ќе објаснам.
Кога многу богат
човек ќе и купи на саканата, на пример, куќа или скап накит тој не се надминува самиот себе. Но
ако ЗА ПРВ ПАТ се извини и ја признае грешката
тогаш оваа постапка како за него така и
за неа ќе биде значајна.
Но доколку некој постојано се извинува за се и
сешто, извинувзњето нема да има никаков ефект.
Еве еден жив пример: мојата пријателка замина на службен пат во друг град. И само што
стигна во градот, објавија карантин. Сите
патишта беа затворени и таа мораше да остане таму 40 дена. И
покрај забраната за влез и излез од градот, нејзиниот ,,бивш“ и заѕвони на врата.
Сега се во брак, имаат 2
убави дечиња и секој пат таа раскажува колку требаше да се намачи за да стигне до таму.
Можеби некоја жена ова ќе го нарече глупост. Можеби повеќе би и значело да и купите чоколадо, или да и кажете дека многу ви недостига и дека многу ја сакате...
Не е важно што ќе биде тоа, важно е да биде несекојдневно, вистинско, од се срце.
Така ќе можете да
ја вратите бившата.
Но за да
ја задржите ќе мора да работите над себе. Ќе треба да ги смените нештата кои
довеле до разделбата. А за тоа е потреба да вложите труд. Секако, ако девојката навистина ви значи.
Ова не ви дава доживотна гаранција за среќна врска, но за да бидете среќни тоа е првиот
чекор.
Направете нешто значајно.



