• Кога ти недостига љубовта на татко ти

    Последново време се повеќе сум свесна дека ми фали љубовта на мојот татко, неговото внимание ... кои тој никогаш не ми ги дал. .

  • Зошто блискоста боли

    Артур Шопенгауер, филозоф-песимист, својата теорија за меѓучовечките односи, ја објаснуваше со приказната за дикобразите. .

  • За осаменоста

    Се до неодамна не забележував дека има толку многу осамени луѓе. Мажи, жени, стари, млади на сите возрасти.

  • This is default featured slide 4 title

    Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.

  • This is default featured slide 5 title

    Go to Blogger edit html and find these sentences.Now replace these sentences with your own descriptions.

 Жан Пол Сартр, познатиот егзистенцијалист и интелектуалец на 20 век, ја одби Нобеловата награда на морална основа, верувајќи дека тоа ќе ја ограничи неговата лична слобода. 

За време на неговото последно интервју за „Pary Match“, тој призна дека им бил неверен на жените, вклучувајќи ја и неговата партнерка Симон де Бовоар, без каење и срам.

 Се поставува прашањето зошто мажите не се чувствуваат виновни или мизерни што ги лажат жените, иако можеби се искрени со другите мажи?

 Не е патолошко однесување, туку честа појава мажите да ги лажат жените од почетокот на нивните сексуални желби (од пубертетот). Во машката психологија, лажењето жена се смета за дозволена лага, лага која честопати жените ја препознаваат и дозволуваат да им се предадат на мажите.


 Колку е посилен сексуалниот нагон на мажот, толку повеќе е подготвен да лаже. Однесувањето на мажите пред и по сексуалниот однос може да се разликува поради хормоналните и менталните состојби. Мажите може да лажат свесно или под влијание на сексуални желби за да ги задоволат своите потреби, верувајќи дека ќе го исполнат секое ветување што ќе им го дадат на жените. Сепак, паметните или искусни жени не веруваат во зборовите на мажот пред да водат љубов. Секој маж повремено ја лаже или изневерува сопругата, во зависност од ситуацијата. Мажите учат да ги лажат жените уште од пубертетот и продолжуваат да го прават тоа без каење бидејќи општеството тоа го прифаќа како нормално однесување. Мажите веруваат дека лажењето на жените е единствениот начин да се добие жена или среќа. Основната потреба на жените е љубовта, но машкото „те сакам“ често е изнудено и не е искрено.

Share:

Контакт






Помошта е поблиска и пореална отколку што ви се чини. Ние сме со вас.













 Email - 

vosvetotnapsihologijata@gmail.co











Следете не на Фејсбук на следнииов линк.

Share:

Кога блискоста боли


                       

Артур Шопенгауер својата теорија за меѓучовечките односи ја објаснува со приказната за дикобразите. Тој смета дека во љубовта, како и во останатите блиски односи - семејни, брачни, пријателски - доживуваме емоционален дискомфорт. Тоа е слично на дикобразите кога талкаат во студената зимска ноќ. И кога им е ладно се собираат во групи за да се стоплат. 
Ја посакуваат оваа топлина, сакаат што поблиску да се стиснат еден до друг. Да се згреат од другиот. 

Но...

...колку повеќе се доближуваат, толку повеќе нивните остри игли се впиваат во нивните тела. 

Близкоста им нанесува голема болка.

Сакајќи да да ја избегнат болката, дикобразите се одалечуваат еден од друг и повторно смрзнуваат. 

И повторно се собираат, и повторно чувствуваат болка и се оддалечуваат... 

Овој интимен танц совршено ја илустрира суштината на нашите човечки односи.

И ние, исто така, имаме потреба да му се доближиме на другиот, но потоа се јавува потреба да се разделиме за да се заштитиме себе си од неизбежните страдања кои ги предизвикува премногу блиската врска.

Шопенхауер не изнајде лек за ова. Напротив, сметаше дека овој маѓепсан круг никогаш нема да исчезне. Веруваше дека нашата потреба за интимен однос е вродена.

Но тој ни даде еден совет: да научиме да произведуваме своја топлина за да бидеме на најбезбедна оддалеченост од другите. 


Ова не значи дека треба да живееме во изолација, тоа значи дека не треба да дозволуваме да бидеме ранети. Треба да имаме личен простор каде што ќе можеме да си дозволиме да бидеме самозадоволни, реализирани, да ја осознаваме својата вредност, својата хуманост. Само така ќе можеме да останеме блиски со некој и да не бидеме повредени.

Тоа е патот до самодовербата и најголемата тајна до среќата. 

Така вели Шопенхауер.


 

Share:

Кога ти недостига љубовта на татко ти...


Прашање од читателите:


Последново време се повеќе сум свесна дека ми фали љубовта на мојот татко, неговото внимание ... кои тој никогаш не ми ги дал. 
Се обидувам овие работи да ги надополнам во односот со мојот дечко, но залудно. 
Понекогаш ми доаѓа да плачам. Сакам да ме прегрне татко ми, да ме погали по косата...
А и во врската ми недостига љубов и топлина.
Не знам како да изградам здрава врска со дечко ми. Правам се што ќе ми каже. Се гледаме еднаш месечно. Се обидувам да му го свртам вниманието кон себе, го фалам, зборувам за своите чувства, му кажувам дека неговото отсутство ме боли. 
Но тој како да не ме слуша. И сите мои напори да се доближам до него, немаат никаков резултат. Сето ова ми тежи, но не можам да ја прекинам оваа врска, не сум спремна. Мислам дека мојот копнеж по татковската љубов  прави да избирам емотивно недостапни мажи кои не можат да дадат љубов. Исто како кога бев  дете од мојот татко.  Како  да се справам со недостигот на татковската љубов? Како да го направам тоа?

Одговор:


Татковската љубов е многу важна, исто како мајчинската. Родителите  се првите луѓе на овој свет кои ни го покажуваат патот по кој треба да чекориме. Колку повеќе љубов, толку порамен е патот. Толку полесно среќаваме добри и ,, правилни,, луѓе. Полесно ги избираме вистинските луѓе без да ја трошиме силата, времето и животот.

 Но колку помалку љубов имаме, толку е патот пострмен. Толку повеќе луѓе среќаваме кои  понижуваат, навредуваат и не ги задоволуваат нашите потреби за љубов и бликост.


Детството игра голема улога во нашиот живот.

 Ние пораснавме, годините се нанижија, станавме потешки и  повисоки. Станавме физички посилни. Кога ќе се споредиме ќе видиме Гуливер и џуџе. 

Ама... Гуливерот длабоко во нас се уште останува тоа мало дете со незадоволени потреби. Кое има големи претензии кон другите луѓе. Кое скромно чека и  трпи кога родителот ќе дојде и ќе му обрне внимание.
Тажно е. Тешко му е. Навредено е.

И тоа е факт.Тоа е правда.

Ќе ви откријам уште една тајна:
Ние постапуваме со самите себе исто како што постапувале со нас нашите родители во детството.

Што правите сега вие?

Очекувате да се грижи за вас човек кој  еднаш месечно ве посетува. Се лажете самата себе  дека тој човек ве сака. Човекот што не се грижи за вашите желби. За вашите чуства. Кој не  слуша што му зборувате. 

Вие за самата себе сте како лошата маќеа од приказните. Ви прави лоши работи и ве убедува дека ќе ви биде подобро. 
Како можете да се справите со недостигот на татковската љубов?

Само на еден начин. За почеток замислете си го тоа мало дете како постои внатре во вас. Прифатете го. Бидете му добар родител. Однесувајте се кон него добро, со љубов.  Не дозволувајте никој да го повреди, да му се потсмева. Не дружете се со луѓе кои ве понижуваат. Бранете ги вашите интереси и потреби. 

Тоа ќе ве направи силна одвнатре. Таа сила ќе ве штити во животот.

Share:

За осаменоста



Се до неодамна не забележував дека има толку многу осамени луѓе. Мажи, жени, стари, млади на сите возрасти.   Видов дека има многу немажени жени, неженети мажи и повеќето од нив никогаш не биле во брак.
Забележав дека тоа не се случува само кај нас. Насекаде е така. И во развиените земји и не развиените, со исти и различни култури и религии. 
Што е ова? Дали светот се променил, дали жените или, пак, мажите се смениле?

Што и да е, фактот останува факт. Осаменоста се шири  и станува норма.

Слушам: «Цивилизираниот свет носи со себе оддалечување и самотија».
Излегува дека е неминовно. И дека ништо не може да се направи во врска со тоа.
Зарем навистина нема излез?
Пред многу години заминав во еден многу голем град. Со него ги поврзував моите соништа и надежи. Когда стигнав во тој град немав ништо, освен патничка торба со неколку работи. 
Со текот на времето многу од она за кое мечтаев се обистини. Имав убава работа, имав дом. Но како што минуваа деновите така се повеќе и повеќе се чувствував осамена ...
Се прашувате, зарем не се најде човек за мене?
Осамен си не само кога немаш партнер. Можеш да живееш цел живот со една личност и да се чувствуваш ужасно осамено.
Кога не постои взаемно разбирање и поддршка, осаменоста едноставно е неподнослива. Нејзиното влијание врз психата е неизбежна.
Веројатно многу пати сте слушнале дека луѓето доаѓаат на овој свет сами и си одат сами. Точно е, со тоа се согласуваат сите.
 Кога го сфатив тоа многу се натажив. Дури во градите ме заболе. Помислив, не е фер!  Што бараме тогаш во овој свет?
Звучи некако  филозофски и - разумно.
Но кога погледнав на светот  со други очи, сфатив многу интересна работа. Да, доаѓаме на овој свет сами... поточно, единки, посебни, единствени, личности.
Сами сме кога се раѓаме, кога умираме и кога одлучуваме. Од нашите одлуки, да ги наречам избори, зависи како ќе го проживееме ова парче време кое ни е дадено од Бог во овој свет.
Уште забележав дека морето го сочинуваат капките. Шумата-дрвјата. Текстот што го читате-буквите. Погледнете, сите  букви се различни. И сите се посебни. Некои бараат дополнителен знак за да добијат одреден звук. За да се добие збор треба да се поврзат буквите. За да има зборот смисла потребни се одредени букви, по одреден редослед.
Така и човекот, за да не биде осамен треба да се поврзе со одредени луѓе. Не со било кои, туку со тие со кои неговиот живот ќе има смисла. Тогаш осаменоста ќе исчезне, ќе ја снема.
Барајте ги вашите луѓе.  Барајте, не се предавајте! Сигурна сум дека ќе ги најдете. Не дозволувајте и на осаменоста да се вдоми во вашите срца.

 Барајте и ќе најдете!
Share:

Зошто жените ги напуштаат мажите,  дури и тие кои  ги сакаат



Иако на прв поглед проблемите кај сите се различни, мажите треба да знаат: доколку проблемот е до нив, тогаш причината е иста кај сите.

И поради таа причина нив ги оставаат жените.

Најчесто жената се чувствува ужасно. Нејзиното срце се кине и боли. Но, таа заминува. Ја собира во тупаница сета своја сила и волја. И го напушта мажот со кој има деца, дом... 

Речиси секогаш, тоа се случува само од една причина:


                                   Жената ве напушта, бидејќи вас веќе ве нема !



Не во смисла дека не постоите. Едноставно не присуствувате во нејзиниот живот.

  Често слушам: „Како да стојам во долгата редица по неговото внимание. И само што стигнува мојот ред- ете! - некој друг ќе влезе преку ред. И јас, пак, сум на крајот од редицата. И јас чекам. И секогаш некој друг е поважен од мене“.

За некого тоа е  работата. За друг игриците на компјутер. На трет телевизијата, другарите, роднините, риболовот ... Списокот е долг.

И така со години...


Тие мажи не се лоши. Тие се добри луѓе. Добри татковци. И се грижат за своите семејства. Пријатни се и симпатични. Меѓутоа...ја гледаат жената како нешто должно.

Нивните жени ги нема во распоредот на денот, во списокот на животот, иако од страна не  изгледа така.

Жените велат:

"Сакам сопругот да ме поддржува емотивно. Но тој ... како да не ми е маж. Не му е гајле за мене, дури и кога  плачам. "


Јас немам намера  да му судам на никого. Немам намера да ви кажувам што е право а што - не. Јас ќе ви го кажам само она што го гледам секој ден. Можете да се лутите или да негирате.


Вашата жена не е ваша сопственост. Таа не е должна да ве сака со сето свое срце. За љубовта треба да вложите труд. Секој ден, во секој момент. Исто, како што вложувате труд за да  заработите пари. Треба да ја освоите. Да почувствува дека не ви е сеедно. Да знае дека нејзините зборови и чуства ви се важни. Да се знае дека е услишана.

 Не климајте со главата од учтивост и незаинтересирано кога нешто ви раскажува. Не ја смирувајте со зборовите "смири се."  

Таа сака да ја чуствувате. Таа е човек, а не апарат за брз секс. Сака да имате желба не само за риболов, но и за неа. Вашата врска ќе живее толку долго колку што и двајцата имате желба.

И немојте да се правдате  со ,,тешкото време“. Сите и секогаш живеат во тешки времиња.

Секој маж може да најдете 5 минути за да ги посвети целосно на својата жена. Да присуствува во разговорот. Да ја ислуша. И навистина да го долови она што сака да го каже.


Share:

Вкупно посетители