Како да ја излекувам мојата болка?


Прашање:

Татко ми беше многу суров човек. Ја тепаше мајка ми пред мои очи, се закануваше дека ќе ја убие. Многу се плашев од него. Иако веќе не сум дете, но траумите од детството не ми даваат нормално да живеам. Постојано се дружам и избирам мажи кои наликуваат на мојот татко.
Што треба да направам да го сменам тоа?
Како да го заборавам минатото?
Како да ја излекувам мојата болка?



Одговор:


За жал, траумите од детството навистина имаат големо влијание врз нашата иднина. Бидејќи тие во себе носат многу, многу емоции. Траумите се како нешта кои што пулсираат и вриштат внатре во нас.

Никој друг не може да ги слушне со ушите. И не може да ги види со очите. Но... несвесно ги чуствува.  Едни не можат да го издржат тоа и бегаат од вас. Другите, пак, остануваат.  

Остануваат оние кои ја имаат истата болка, истата пулсација, истиот вресок. И тогаш вие сте веќе дуо... Кога сте заедно не се чуствувате осамени. И болката не е толку неподнослива. Таа ве обединува, таа ве сплотува...

И навистина, кога внатре имаме длабока рана сакаме да се дружиме со луѓе кои (ни се чини) треба да ги лекуваме. Луѓе кои го живеат животот на погрешен начин: земаат дрога, одат од една зависност во друга, прават работи кои го уништуваат нивниот живот.

Ние стануваме Спасувачи, спасуваме  сродни души. И сето тоа го правие само со една причина - за да  го заборавиме она што го носиме во себе. За да не ја чуствуваме болката во нас.

Може ли да се излекува вашата рана?

Да.  Но ...

Вашите спомени имаат лоша слика за вашиот татко. Вашата меморија ви црта ужаси од минатото. Секој пат кога ќе се потсетите ви се разгорува оганот. Ви ја гори  раната. И "лошите " луѓе (особено мажите), како мршојадци се собираат околу вас.

Тие знаат дека ве боли. И како да ви велат: " Мојата болка е поголема. Излечи ме со своите чувства, со својот живот, со својата сила. Бидејќи само Ти знаеш како е да се живее со оваа болка. Мене ме боли повеќе од тебе. . . "

И вие верувате. Вие се нафаќате.

Се обидувате преку овие мажи да ја излекувате душата на својот татко.

Ама тоа е невозможно ...

Ако сакате да ја излекувате својата болка тогаш веднаш преќинете со тие односи кои ве понижуват. 

Почитувајте се  себе си. Ова е првото и најважната работа која треба да ја направите.

Сепак, тоа не е доволно за да се излекува вашата траума.

Вашата внатрешна слика, вашиот внатрешен дијалог и внатрешните расправии со татко ви се како морски бранови. Понекогаш се тивки, понекогаш се разбрануваат и прераснуваат во цунами. И вам ви е тешко да се справите со нив.

Само едно може да ви помогне да ги стишите брановите, а тоа се зборовите.

Вие треба да изберете психолог со кој би можеле да разговарате за вашиот живот и да му ја раскажувате вашата приказната многу, многу, многу пати. И секој пат емоциите ќе слабеат. Ќе чувствувате дека ги има се помалку и  помалку.

И овој процес  ќе трае подолго време. Се додека еден ден не почуствувате дека не ве боли, не ви е срам, не се плашите да се потсетите на ужасите од детството. Дека тоа некогаш оддмна постоело во вашиот живот. Тоа беше само еден дел од вашето
минатото. Но сега тоа го нема. Сега тоа е само спомен. Кој
веќе не боли.
Share:

Популарни артикли

Вкупно посетители