Што да направам за да не ме изневери сопругот пак?



Прашање:

Имам проблем. Неодамна дознав дека мојот сопруг ме изневерувал со друга жена. Поточно, неговата љубовница ми приреди многу непријатно изненадување. Ми напиша порака во која ја откри нивната тајна врска. 

Го направи тоа за да му се одмазди, бидејќи и раскина. 

Јас му простив. Ние зборувавме  и испадна дека тоа беше и моја грешка, исто така. Решивме да се обидеме да го поправиме сето тоа. 

Но имам проблем: Јас постојано сум загрижена дека ќе ме изневери повторно.

Што да  направам за да не ме изневери сопругот пак?  Однапред ви благодарам.



Одговор:

Многу добро ве разбирам. Навистина, кога еднаш ќе ве предадат во животот, многу е тешко да верувате дека тоа нема да се случи повторно. За некого тоа е сосема невозможно.

Да, во право сте. Опасноста навистина постои.
Постои затоа што вашиот сопруг е истиот човек што беше и досега.
Затоа што околностите можат да се сложат така што тој нема да им одолее. И некоја друга жена ќе ја фрли својата јадица на која тој со задоволство (или со големо чуство на вина) ќе се фати на неа.

Бидејќи ветувањата се забораваат. Како што се забораат солзите и болката кои беа нанесени на блиската личност.

Јас ќе ви го кажам одговорот на вашето прашање. Сигурно нема ви се допадне. Бидејќи друг одговор незнам.

Љубовниците не се појавуваат одненадеж во животот.Секогаш постои некое одредено време  до моментот кога се случува неверството. Во почетокот тоа е времето кога постои само комуникација, општење. Кога постои интерес. Кога ниту жената, ниту мажот немаат никакви обврски еден кон друг.
Кај некого овој  период трае неколку дена,  за други може да потрае - меколку месеци или години.

И сега ќе ви поставам прашање - што се случува со вас во тој период? ( во тие недели или, пак, месеци)

Како се чуствувавте тогаш? Што доживувавте?

Затоа што кога на мажот му  обрнува внимание жена (не неговата сопруга) се однесува сосема поинаку.

Тоа се  некакви ситници. Не се работи за фактот дека се задржува на работа. Тој не мора да се задржува. Може секогаш  да доаѓа точно на време. Фактот е дека ИМА НЕШТО поинакво,  поразлично. Нешто што го немаше додека ја немаше другата во умот.

И ако сте чувствителна сопруга, може  веднаш да се сфатите дека има "нешто".
И не само да сфатите.
Ќе можете да ги превземете работите во свои раце. Ќе направите нешто  што ќе спречат
тие односи да се развијат.

Слушнете ја својата женска интуиција. Па дури и да се појави некоја друга жена на хоризонтот вие ќе го ,,расипете,, односот уште пред да започне.
Share:

Популарни артикли

Вкупно посетители